За нас

Братство Инох ДОО еден од претприемачките лидери во регионот, е компанија која нуди широк ранг на решенија за обработка на метали, за да ги задоволи потрошувачите насекаде во светот. Како специјалист за трансформација на материјали, ја посветуваме целата наша енергија и знаење со цел да обезбедиме извонредна услуга и континуирани иновации во полето на ковање и слични активности барани од нашите клиенти. Тимот од искусни инжинери и state-of-the art машини даваат сигурни и проверени решенија, прилагодени на специфичните потреби на секоја индустрија.

Братство Инох Охрид е компанија која опфаќа повеќе дејности во металната индустрија. Почетоците на фабриката датираат од 1949 година како фабрика за производство на садови за готвење. Од 2010 година, компанијата е со нова, трансформирана, приватна структура на капиталот и го започнува својот раст и диверзификација на дејности. Се продолжува со производство на познатите садови за готвење, со постојано надградување во областа на дизајнот и квалитетот.
Богатата производна програма опфаќа садови за домаќинство и угостителство во кои може да се готви, чува, транспортира и послужува храна по сите гастрономски стандарди. Сите садови се изработени од инох 18/10 и имаат зафатнина од 1-70 литри. Заштедата на топлотната енергија при готвењето е (1:3), лесното одржување како и вечноста на ростфрајот, ги прави овие производи практични и посакувани.

Од 2013 година како дел од Братство групацијата се приклучува и Братство МЗТ Ковачницата која претходно беше дел од МЗТ Скопје со што Братство започнува со ковање на разни производи. Ковачницата е опремена со машини кои можат да коваат отковци до 15кг, на ковачки преси до 1600т и чекан до 2,5т.
Како снабдувач на метални компоненти, нашата цел е да се постигне извонреден квалитет и максимално задоволување на потребите на клиентите. Нашиот високо-квалификуван тим е подготвен да се прилагоди на барањата на нашите клиенти. Затоа работиме и на ковање по цртеж, со што обезбедуваме работење по нарачка со бараните атрибути. Висока мотивација, посветеност и компетентност на нашите вработени гарантира врвен квалитет на секој производ кој доаѓа од нашите погони.

Во 2014 година групацијата Братство Инох се проширува со уште две нови дејности:

– Површинска заштита на метали
Услугите кои се нудат во погонот за површинска заштита се- цинкување, анодна оксидација, фосфатирање, хемиско никлување, брунирање и тврдо хромирање. Планирани услуги кои треба да се воведат во краток рок се- декоративна превлека Никел-Хром како и превлека од Цинк-Никел легура. Погонот е опремен со современа лабараторија за контрола на растворите и квалитетот на нанесените превлеки.

– Производство на Изолатори од епоксидна смола
Производната линија за изолатори е откупена од добропознатата компанија ЕМО Охрид и во Братство се произведуваат изолатори од епоксидна смола.

Интернационалниот стандард ИСО 9001 иницира систематски пристап во развојот, примената и подобрувањата во Системот за Квалитет. Сите програми кои се произведуваат во нашата компанија го имаат овој стандард. Современата технологијата ни овозможува да работиме брзо и ефективно. Нашите најголеми инвестиции се во опрема и затоа сме способни за производство на комплексни продукти.